Оглас за субвенции во земјоделска опрема и механизација
Објавен е повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година за инвестиции во земјоделска опрема и механизација за житни и индустриски култури.
Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, крајниот рок за аплицирање е 20 февруари 2016 година, а барањата се поднесуваат електронски, по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.
Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралиот развој за 2016 година.
Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции, доколку поинаку не е определено. Ставката на ко-финансирање се зголемува во случаите кога баратели се млади земјоделци и кога земјоделските стопанства се лоцирани во подрачја со ограничени можности и недостапни рурални заедници до висина од 75 проценти.
Право на користење на средствата имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар.
Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се превземе на почетната страна e-baranje.ipardpa.gov.mk. За регистрација во системот сите заинтересирани странки потребно е да ги ажурираат сите податоци за земјоделските стопанства запишани во Единствениот Регистар на Земјоделски Стопанства при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Подетални информации заинтересираните можат да добијат во контакт центарот на Агенцијата на тел. (02) 3097-460 или на контакт е-адресата ipardpa.info@
Ново на Сител
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија