-->
-->
Огнена пресметка во Сингелиќ
-->

Вчеравечер во 23:00 часот во ПС-Гази Баба, А.Ф. (44) од село Сингелиќ- скопско пријавил дека на ул.„16“ околу 22:30 часот непознат сторител од огнено оружје (најверојатно од пиштол) испукал повеќе куршуми во правец на неговата куќа, а потоа веднаш се оддалечил во непознат правец.
Неколку проектили од испуканите куршуми завршиле во надворешниот ѕид од куќата во која што освен пријавителот кој во тоа време седел на тремот пред влезната врата, на другата страна од куќата, во една од собите на приземјето биле и неговата сопруга, двата сина и ќерката, а еден проектил го пробил стаклото од прозорецот на надворешниот ѕид од собата како и задниот дел од регалот и паднал на бетонскиот под од собата, непосредно до ѕидот.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Вo вторникот вечер во 22.45 часот во Скопје на истата улица.„16.“, во населбата Ченто, непознати лица со огнено оружје пукале во куќата сопственост на А.Ф. (44), кој во моментот бил дома со семејството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
