Сараевската полиција денеска уапси еден маж кој во раните утрински часови ограбил банка во населбата Нова Отока.
Ограбена е филијалата на банката „Рајфазен“, а во таа пригода разбојникот, според сараевските медиуми, одзел голема сума пари, но не е прецизирано колку.
Портпаролот на полицијата во Сараево изјави дека крадецот бил брзо лоциран и уапсен.
Како што пренесуваат медиумите, за време на кражбата дошло и пукање.