Македонија
6. September 2021 - 14:07

Ограбена црква во Забел

Ограбена е црквата „Света Богородица“ во месноста Забел, Општина Старо Нагоричане. Крадецот одзел пари и други предмети, информираше денеска СВР Куманово.

– Вчера во 09:45 часот во СВР Куманово било пријавено дека непознат сторител со употреба на подесен алат и сила влегол во црквата „Света Богородица“ на место викано „Забел“ во село Старо Нагоричане и одзел пари и други предмети, соопшти СВР Куманово.

Екипа на полицијата извршила увид и преземаат мерки за расчистување на случајот.