Ограбени црквите во манастирскиот комплекс во Лешок

Околу 60 илјади денари биле одземени од двте цркви во манастирскиот коплекс во Лешок во текот на изминатата недела за што се сомничат четири лица, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоивски.
Случајот бил пријавен вчера околу 11 часот и 30 минути од страна на М.М.(35) вработен во манастрискиот комплекс при што било утврдено дека во периодот од 16. до 22 април тогаш непознати сторители влегле во црквата „Свети Атанасиј“ и од фиоки во пангарот и иконите одзеле поголема сума пари како и големиот клуч од старата црква „Света Богородица“ каде на неколкупати во периодтот од 17. до 22 април било влегувано и исто така одземано пари од фиоките на пангарот и иконите.
Полицијата извршила увид при што било утврдено дека вкупната сума на одземени пари е околу 60 илади денари. Истиот ден околу 14 часот во манастирската црква „Свети Атанасиј“ биле затекнати двајца малолетници од селото Непроштено, едниот на 15, а вториот на нецели 16 години како одземаат пари оставени од верниците по што вработените ги пријавиле во полиција.
- Двјацата малолетници во присуство на нивните родители биле приведени и по разговорите со нив биле пуштени. Тетовската полиција располага со сознанија дека во кражбите на парите од манастирските цркви во Лешок учествувале уште две лица од Тетовско, а од страна на член на семјството од едниот осомничен пронајден е и стариот клуч од црквата „Света Богородица“ што е вратен во манастирскиот комплекс. Дел од одземените пари се пронајдени, а другите две лица ќе бидат повикани на разговор во полицијата за целосно рсчистување на случајот, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
-

Лажни возачки за камиони и автобуси – внатрешната контрола на МВР истражува
-

Годишните извештаи на Совет на ЈО и Републичкото обвинителство за 2025 пред пратениците
-

Владата преговара со 5 до 6 потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри
-

Дурмиши: Цените во маркетите засега се стабилни, инспекциите продолжуваат
-

Потпишан договорот за гасоводот Македонија-Србија, инвестицијата вреди 29,4 милиони евра
