-->
-->
Ограбил банка, па ги фрлал парите во воздух и викал - Среќен Божиќ!
-->
Маж со бела брада и мустаќи ограбил банка во Колорадо Спрингс и потоа почнал да го фрла пленот во воздух, посакувајќи им на минувачите „Среќен Божиќ“.
Полицијата соопшти дека „постар белец“ ја ограбил банката Академи два дена пред Божиќ, во понеделникот во време на пауза за ручек.
Очевидци изјавија дека ограбил банка, излегол на улица и почнал да фрла пари во воздухот, извикувајќи: „Среќен Божиќ!“
Мажот потоа отишол во блиското кафе Старбакс, седнал пред него и го чекал своето апсење.
Би-Би-Си наведува дека минувачите ги собрале парите од улицата и ги вратиле во банка.
Полицијата во Колорадо Спрингс го идентификуваше осомничениот како Вејн Оливер (65) и рече дека нема индиции дека тој имал помошници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата