Ограбил чамец на Козјак - уапсен 22 годишен скопјанец

На 21.04.2022 во 15.20 часот во Скопје од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода во рамки на Единицата за внатрешни работи Кисела Вода при СВР Скопје е лишен од слобода Д.Д.(22) од Скопје, за кого била распишана потерница, со која се барал поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“, казниво по чл.236 од Кривичниот законик.
Тој на 22/23.05.2021 од чамец на езерото Козјак одзел мотор, разна риболовна опрема и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист.
Д.Д. бил приведен во полициска станица, со него бил извршен службен разговор и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
