-->
-->
Огромна карпа го попречува сообраќајот на патот Македонска Каменица-Кочани
-->
Огромна карпа го попречува движењето на сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Кочани во близина на село Истибања. Карпата се наоѓа на десниот дел од коловозот од делот на Истибања.
– Поради големиот пречник се движевме по слободната коловозна лента но поради безбедност им препорачуваме на сите кои сега тргнуваат за Скопје да го користат алтернативниот патен правец Делчево-Бигла, велат возачи.
Екипи на ЈП „Македонија пат“, како што информираат оттаму, се наоѓаат на местото на одронот и ќе се преземат активности за отстранување на одронот и нормално одвивање на сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
КБК Шампион најдобар на Првото национално кик-бокс првенство
-
Потпишување договори меѓу АД ЕСМ и Банкарска група KfW
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Средба на Муцунски со претставници на Европско-австралискиот бизнис совет
-
Трамп: Прекинот на огнот во Газа може да заврши в сабота доколку заложниците не бидат ослободени
-
Учителка избодела до смрт осумгодишно девојче во Јужна Кореја
-
Американските тарифи за увоз на челик и алуминиум ќе бидат на сила од 12 март
-
Сиљановска-Давкова ќе се обрати на настанот „Глобален женски појадок 2025“