Охрид блеска во боите на ретките болести
Самоиловата тврдина, Охридската гимназија ОСУ „Св. Климент Охридски“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, сите основни училишта, локални и национални згради и спомениции во центарот на градот блеснаа во боите на ретките болести по повод февруари како месец на ретките болести.
Претседателката на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ Гордана Лолеска потенцираше дека ова се само дел од локациите што блеснаа во знакот на поддршка на ретките, како дел од кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2023“, која оваа година го има своето петто издание по ред.
„Оваа година за Денот на ретките болести 28 февруари ги повикуваме сите и помогнат на заедницата за ретките болести, да се обедини со ланец светла низ целиот свет. Како и секоја година, така и оваа година се приклучуваме кон глобалниот повик на Еурордис за осветлување на локални и национални згради и споменици“, вели Лолеска.
Таа истакнува дека овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво.

„Ве повикуваме да ни се приклучите, осветлете некој објект и дајте ни ваш предлог за илуминација на некоја зграда, споменик и сличнп. Повеќе осветлени локални и национални згради и споменици го зајакнуваат меѓународното влијание, обојте ги вашите дланки и дајте им ја својата поддршка на 300 000 000 пациенти со ретки болести низ целиот свет” порачува Лолеска.
Во месец февруари почна стартот на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ посветена на здравствените работници кои овие изминати пет години дадоа огромен придонес на националната кампања да биде и повеќе од успешна.
И оваа година ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести преку нови 28 ретки дијагнози во аудио, видео и текстуална форма, во месецот со најмалку денови во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена.
Ново на Сител
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
-

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани само шест пациенти
-

Митева: 300 милиони денари за прославата обезбеди Државна лотарија - не се потрошени буџетски средства
-

Скопјанка пријавила дека малолетната ќерка била допирана од 63-годишен пријател на нејзиниот сопруг
-

Сопружници во бракоразводна постапка се тепале меѓусебно, па се пријавиле во полиција
