Охрид домаќин на самитот на медицински студентски асоцијации

Македонската медицинска студентска асоцијација - ММСА е домаќин на 64. Генерално собрание на Интернационалната федерација на медицински студентски асоцијации (IFMSA) што од денеска до 9-ти август ќе се одржи во Охрид.
На форумот ќе учествуваат 870 делегати од 114 земји од светот од вкупно 125 држави членки на Федерацијата. Работата на Собранието ќе се одвива на пленарни сесии, претседателски сесии, сесии во одборите за јавно здравје, човекови права и мир, медицинска едукација, репродуктивно здравје, студентски и младински размени.
Главна тема на собирот е „Миграција на медицински работици низ светот”, која се смета за многу актуелна тема на глобално рамниште. Дискусиите од ова Генерално собрание, потоа ќе бидат претставени пред Светска здравствена организација и Обединети нации.
- Голем број светски експерти , претставници на организациите со кои соработуваме, особено СЗО, ќе дискутираат заедно со нас на темата и мерките кои се преземаат за да се соочиме со проблемот. Сите сме засегнати, промените се неопходни. Досегашната работа на колегите од ММСА-Македонија е изненадувачка. Очекуваме одлични резултати и продуктивни седум дена во Охрид, изјави Агостињо Суса, претседател на Федерацијата.
Интернационалната федерација на медицински студентски асоцијации ја сочинуваат медицински студентски асоцијации од 125 земји членки и брои над 1,5 милиони членови. Поддржана е од повеќе меѓународни организации како СЗО, ОН и УНЕСКО. На генералните собранија на Федерацијата се креираат младинските политики во полето на медицината, се склучуваат договори помеѓу организациите, се договараат преку 25.000 студентски размени, се држат обуки од светски признаени предавачи од полето на медицинска едукација, јавно здравје, човекови права и мир, итн.
Од ММСА како домаќини на самитот очекуваат оваа прилика да ја искористат за склучување разновидни договори за соработка со највлијателните земји членки за проекти од медицинска едукација и за студентски размени. Секоја година преку овие договори се овозможува на околу 70 македонски студенти едномесечна пракса во светските најдобри болници.
Настанот е поддржан од Унивезризетот „Св. Кирил и Методиј“, како и од министерстата за образование и за здравство.
Ново на Сител
-

Над пет килограми марихуана пронајдени во возило на кумановец
-

Зеленски: Договорите за противвоздушната одбрана постигнати со Трамп мора целосно да се спроведат
-

Европа е сè уште важна, но не е приоритет, се наведува во новата Стратегија за национална одбрана на САД
-

Најстудено во Берово, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

СДСМ го одржува 31. Конгрес
-

Снежна бура во делови од Тексас, Оклахома и Канзас и на источниот брег на САД
-

Магла со видливост од 30 до 150 метри на повеќе патни правци
-

НАТО планира значително да го зголеми оружјето и муницијата на своето источно крило
