Охрид полн со гости во пресрет на продолжениот празничен викенд

Продолжениот празничен викенд веќе по правило го означува шпицот на летната туристичка сезона во Охрид и на охридското крајбрежје.
Хотелските сместувачки капацитети и претходно беа исполнети со гости, благодарение на аранжманите склучени со странските тур-оператори, така што кај нив посетеноста е одлична.
Кога станува збор за приватното сместување, апартманите, студијата и собите во центарот на градот се веќе закупени за празниците така што сместување е тешко да се најде за престојните денови на викендот. Слободни легла има, но пред се во капацитетите надвор од централното градско подрачје.

Секако бројни ќе бидат и нашите граѓани кои живеат по другите градови, а имаат свои станови во градот, па како и секоја година во овој период од сезоната Охрид ќе биде полн со гости.
Редовно за Илинденските празници посетеноста на Охрид значи и богата кутурно-забавна понуда, со содржини за сите вкусови и генерации. Покрај редовната програма на „Охридско лето“ која по правило за празникот и за роденденот на фестивалот 4 август нуди издвоени содржини, како гостувањето на рускиот театар „Караганда“ со претставата „Сон на летната ноќ“ на Шекспир на 2 август и концертот на дуото Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на 4 август.

Одлична посетеност најавија и организаторите на концертите во рамки на „Ohrid calling“ што ќе се одржува наредните четири дена, во чии рамки ќе настапат бројни врвни имиња од светската електронска забавна сцена како Стив Аоки, Маркус Шулц, Нерво, Вини Вичи, Сунери Џејмс, Рајан Марчиано и многу други. Според продажбата на билетите, се очекува во Охрид само за концертите на „Ohrid calling“ да присуствуваат околу 50 илјади посетители, од кои пет илјади гости од странство што ќе дојдат тука само заради богатата програмска понуда.
Охридските клубови исто така предвидуваат и бројни гостувања на познати имиња од естрадата, како домашна така и од регионот. Тука се концертите на „Некст тајм“, Жељко Јоксимовиќ, забавата на зајдисонце на 3 август во рамки на првото издание на „Аманет“ фестивалот и многу други забавни содржини.
И временската прогноза за деновите на празничниот викенд во прилог на очекувањата градот и крабјрежјето на Охридското Езеро да бидат полни со гости.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
