Охрид преплавен во ѓубре од туристите: Сликата е иста секој Илинден

Расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна во градскиот парк е сликата денеска низ Охрид, ден по големиот празник Илинден. Екипи на градските комунални претпријатија секојдневно уште од зори се на терен и го собираат ѓубрето.
„Активности на оперативните служби пред и по Илинден. Продолжуваме со максималниот ангажман за чистење на јавните површини-кејот, градското пристаниште, малото пристаниште кај Палас, во близина на амамот, градскиот парк и други локации, од расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна, кои за жал се реална слика во доцните вечерни часови и наутро. Во вечерните часови се спроведува машинско миење на коловози, пешачки патеки и други јавни површини, кое на одредени места е надополнето со рачно миење. Се одржува хигиената во и околу локациите каде се одржуваат концерти“, стои во објавата на ЈП Охридски комуналец.

Сликата е иста секој Илинден, кога всушност Охрид го достигнува и шпицот на сезоната.
Ново на Сител
-

Потврда на идентитетот, повисоки плати и пензии и даночни олеснувања – СДСМ ја промовираше програмата
-

Стартува собраниската расправа за законот за Совет на јавни обвинители
-

УМС на ВМРО-ДПМНЕ домаќин на настан на студентската организација на Европската народна партија
-

Домот за стари лица во Кочани станува реалност
-

Охрид со богата културна програма привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања – Цена на станови, мерки, јавен обвинител...
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседател на СДСМ
