Охриѓанец починал откако проготал опаковка со дрога за да не го фати полиција

На 8 јули 2026 година, околу 22:30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полицијата го лишила од слобода 32-годишниот И.М. од Охрид.
Според информациите од СВР Охрид, тој управувал автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки регистарски ознаки и не застанал на дадениот знак од полициските службеници, туку продолжил да се движи и се обидел да избега. По преземени дополнителни мерки, возилото било запрено.
При контролата, во автомобилот бил забележан 44-годишниот С.П. од Охрид, кој, според полицијата, веднаш проголтал пакување со наркотична материја. Набрзо му се влошила здравствената состојба, по што полициските службеници повикале Итна медицинска помош.
С.П. бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде и покрај укажаната медицинска помош починал.
„По наредба на јавен обвинител, ќе биде извршена обдукција во Општата болница во Битола“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од полицијата додаваат дека по насоки на јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
