-->
-->
Охриѓанец продал 55 тони јаболка, парите никогаш не ги добил
-->
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишниот М.Б. од ресенското село Царев Двор.
Како што соопшти СВР Охрид, пријавениот кон крајот на минатата година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, договорил средба со Ќ.И. од Охрид и во неговиот дом со лажно прикажување успеал да го наведе да направат договор за купопродажба на 55 тони јаболка од сортата „Ајдарет“ за сума од 621 илјада денари.
Бидејќи до крајот на јануари оваа година на Ќ.И. не му била извршена исплата од договорената купопродажба на јаболката, тој сфатил дека е доведен до заблуда по што настанот го пријавил во СВР Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата