-->
-->
Охриѓанец со 1,55 промили алкохол во крвта возел во Кавадарци
-->

Денеска во три часот на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода М.Т., на возраст од 38 години од Охрид. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека М.Т. управувал патничко возило „киа“, со охридски регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР – Велес.
Тој бил приведен во полициска станица.
-Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, појаснија од СВР – Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
