Охриѓани порачаа: СТОП за разградување на нашата етничка Македонија
Граѓани на Охрид и попладнево се собраа на марш низ улиците на градот, како дел од собирите што се организираат низ земјата во рамки на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Тие на тој начин ја изразија својата решеност да истраат во напорите за зачувување на унитарноста на државата, одбрана на Уставот на Македонија и суштината на вредностите на општеството.
– И денеска како и низ 33 други градови низ Македонија, неслучајно е бројката 33, туку Македонија во Бибилијата е спомната ни повеќе ни помалку туку 33 пати. Тоа се годините кои ги живееше спасителот наш на земјата Исус Христос, толку се и пршлени на рбетот во човековото тело…Не само во 33 градови, моето чувство е дека цела Македонија ќе стане и излезе на улиците бидејќи граѓаните станаа свесни дека ако сега не се на улиците, цел живот ќе бидат уличари без свој дом. Сега е вистинското време кога теба нашата заедничка куќа, ние македонскиот народ и сите граѓани на РМ кои припаѓаат на сите етникуми, да излеземе и да кажеме „СТОП“ за разградување на нашата етничка Македонија. Видете луѓе, мене ми е прекрасно на сцена, но што ми вреди сцената и мојата прекрасна професија ако ја изгубиме Македонија, порача актерот Владо Јовановски во име на учесниците.
Учесниците на протестот се собраа на плоштадот кај охридската гимназија, по што се упатија низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад.
Ново на Сител
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања
-
Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада
-
САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина
-
Бајден: Економскиот раст на Кина, Јапонија, Индија и Русија слабее поради ксенофобијата
-
Нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер