ОЈО поднесе обвинение за обидот за убиство во гостилница во Хиподром
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело обид за убиство за настанот на 24 февруари годинава во гостилница во скопската населба Хиподром.
– Осомничениот на 24.02.2019 година со умисла се обидел да лиши од живот едно оштетено лице, така што додека седеле на различни маси во дворот на гостилница, без предупредување му пришол на оштетениот, извадил нож од џебот и замавнал. Притоа на оштетениот му нанел тешка телесна повреда – влезно убодна рана во пределот на абдоменот, оштетувајќи му неколку органи. По ова, реагирале други лица кои седеле на масата со оштетениот и осомничениот се оддалечил од местото, се вели во соопштението од ОЈО.
Од ОЈО, информираат дека со оглед на тоа што надлежниот јавен обвинител ценел дека се исполнети сите законски основи, до судот доставил и посебен предлог за претходно определената мерка куќен притвор против обвинетото лице да се продолжи.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ