ОЈО Скопје отвори истрага против пет лица за масовната тепачка на Ургентен
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица кои се осомничени дека вчера, пред Ургентниот центар во комплексот Клиники „Мајка Тереза”, ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице, информираат од ЈОРСМ.
„По претходна физичка пресметка меѓу членови на две семејства во Злокуќани, оштетениот со неговото семејство чекале лекарска помош за неговиот син на Ургентниот центар. Во дворот на клиниките пристигнале и осомничените. Физички го нападнале оштетениот, удирајќи го по главата и телото со клоци и тупаници, но и со метални шипки, дрвени палки и други предмети. Со ударите му нанеле тешки телесни повреди – фрактури на носна коска и на ребра, а кај останатите присутни предизвикале чувство на загрозеност, несигурност и страв“, се наведува во соопштението на ЈОРСМ.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите петмина осомничени, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоци и оштетени, но и да го повторат делото.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
