Околу 1.300 мигранти блокирани на српско-унгарската граница

Околу 1.300 мигранти се блокирани на ничија земја на српксо-унгарската граница, откако Унгарија одби да им дозволи влез на нејзина територија, соопшти денеска Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).
Во соопштението се изразува стравување поради можноста мигрантите да бидат принудени провозаконски да се вратат од Унгарија во Србија,
Унгарија неодамна воведе ново правило создавајќи контролна зона на нејзина територија во длабочина од осум километри од српската граница, во која се распоредени војници и полициајци со задача да ги пресретнуваат илегалните мигранти и да ги враќаат во Србија,
Според податоците на УНХЦР, во последниве недели одново се бележи пораст на бројот на мигранти кои преку Балканот се упатуваат кон државите од западна Европа.
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
