Балкан
2. January 2017 - 15:53

Околу 150 осомничени членови на ИД уапсени во Турција

Околу 150 осомничени борци на Исламска држава беа уапсени во операции на Турција изминатата недела, соопшти турското Министерство за внатрешни работи. 

Соопштението е објавено еден ден откако напаѓач од џихадистичката групација отвори оган кон гостите во еден ноќен клуб на новогодишната вечер, при што уби 39 лица. 

Во операции против ИД, извршени во период меѓу 26 декември и 2 јануари беа уапсени 147 осомничени џихадисти од ИД, од кои 25 се ставени во притвор, додаде Министерството.