Бизнис
9. December 2015 - 10:57

Околу 2.500 лозари од Неготино и Демир Капија добија субвенции

Почнувајќи од петокот во попладневните часови па се до денеска, субвенции за одржување на лозови насади  добија  околу 2.500 лозаропроизводители од општините Неготино и Демир Капија, информираше денеска Ѓорѓи Ајтов, раководител на подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино.  

- Лозаропроизводителите добија по 4 илјади денари за декар лозов насад. Исто така се врши и исплата на субвенциите за житарици и крупен добиток за 2015 година, соопшти Ајтов.

Тој појасни дека останатите лозаропроизводители кои аплицирале за субвенции, финансиските средства  ќе ги добијат во текот на овој месец,  до крајот на годината.

- На име  субвенции за 2015 година,  финансии  во висина од околу 5.000.000 евра  ќе им бидат исплатени на близу 4.300 земјоделци од општините Неготино и Демир Капија, додаде Ајтов.

Истовремено, информираше тој, по 20 проценти плус, линеарно за сите мерки за субвенционирање, добиваат сите регистрирани земјоделци за 2014 година.