Околу 2.500 лозари од Неготино и Демир Капија добија субвенции
Почнувајќи од петокот во попладневните часови па се до денеска, субвенции за одржување на лозови насади добија околу 2.500 лозаропроизводители од општините Неготино и Демир Капија, информираше денеска Ѓорѓи Ајтов, раководител на подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино.
- Лозаропроизводителите добија по 4 илјади денари за декар лозов насад. Исто така се врши и исплата на субвенциите за житарици и крупен добиток за 2015 година, соопшти Ајтов.
Тој појасни дека останатите лозаропроизводители кои аплицирале за субвенции, финансиските средства ќе ги добијат во текот на овој месец, до крајот на годината.
- На име субвенции за 2015 година, финансии во висина од околу 5.000.000 евра ќе им бидат исплатени на близу 4.300 земјоделци од општините Неготино и Демир Капија, додаде Ајтов.
Истовремено, информираше тој, по 20 проценти плус, линеарно за сите мерки за субвенционирање, добиваат сите регистрирани земјоделци за 2014 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето