-->
-->
Околу 40 проценти од украинската електрична мрежа е вон функција
-->
Речиси половина од електричната мрежа во Украина и денеска останува во прекин, една недела по најновите руски напади врз енергетската инфраструктура, соопшти приватниот оператор ДТЕК, нагласувајќи дека десетици работници се убиени или повредени.
– Русија уништи 40 отсто од украинскиот енергетски систем со терористички ракетни напади. Десетици работници загинаа и се повредени, се наведува во соопштението на ДТЕК на Телеграм, во кое се додава дека електричарите прават напори да ги санираат дефектите.
Русија во октомври почна да ги таргетира украинските енергетски капацитети. Предизвикана е голема штета на мрежата и милиони Украинци секојдневно се соочуваат со недостиг на електрична енергија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
-

Прилепските бизнисмени: Санација на Прилеп-Градско преку Плетвар и измени на боледувањата и дел од царинскиот тарифник
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
