Околу 7000 пивтии приготвени за кривопаланечката „Пивтијада 2016“

Подготовките за годинашната кривопаланечка „Пивтијада 2016“ се во тек. Локалната самоуправа на општина Крива Паланка традиционално ја организира манифестацијата на големиот христијански празник Богојавление-Водици, а задолжени за подготовка на пивтиите се кулинарите од туристичко-угостителските паралелки на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.
Пивтиите се подготвуваат во кујната на ученичкиот дом „Боро Менков“, а со намирниците обезбедени од општината учениците приготвија околу 7.000 парчиња.
- Трета година по ред пивтиите ги приготвуваме со учениците од угостителските паралелки од повеќе наставни години кои како идни угостители се обучуваат да приготват пивтии според народниот, традиционален рецепт што е идеја на организаторот, бидејќи кога манифестацијата имаше натпреварувачки карактер истите од страна на вештите паланчанки беа декорирани и збогатени со разни додатоци, и се губеше вкусот на традицијата, рече професорот Дане Петровски под чие менторство се готват пивтиите.
Додаде дека се работи повеќе денови бидејќи станува збор за голема количина.
- Употребени се 150 килограми месо, телешко и свинско, приготвивме 90 порции, од кои ќе направиме од 6.500 до 7.000 парчиња кои учениците помогнати од волонтери на Црвен крст ќе ги поделат на присутните граѓани, истакна Петровски.
„Пивтијада 2016“ се одржува на градскиот плоштад во Крива Паланка, а ќе започне веднаш по одбележувањето на Богојавленскиот водосвет, фрлање на крстот во водите на Крива Река.
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
