Околу илјада лица со договор на дело во јавните здравствени установи ќе треба да добијат решение на неопределено време
На околу илјада лица кои работат со договор на дело на клиниките и во јавните здравствени установи ќе треба да им биде трансфериран работниот однос на неопределено време. Министерот за здравство Арбен Таравари очекува процедурата да заврши до Нова година затоа што веќе има усогласен став во Владата за ова прашање.
- За околу илјада лица кои работат со договор на дело на клиниките и во јавните здравствени установи, некои повеќе од пет или десет години, имаме усогласеност во Владата и испратено е барање од Министерството за здравство до Министерството за финансии за да ни ги одобрат вработувањата. Се надевам до крајот на идната недела да добиеме позитивен одговор и да им дадеме наредба на сите јавни здравствени установи, лицата со договор на дело, генерално шофери, хигиеничари, болничари, медицински сестри и лаборанти да добијат решение. Се надевам дека целиот процес ќе заврши пред Нова година, изјави денеска Таравари.
Според проценките на Министерството, во јавните здравствени установи има помалку од 2 000 лица кои работат со договор на дело. За другите на кои сега нема да им биде трансфериран работниот однос, министерот најави дека ќе се ангажира да се им реши статусот следната година.
Во однос на скратениот буџет за Програмата за ХИВ за што денеска мирно протестираа од Платформата за ХИВ, министерот рече дека буџетот е скратен делумно, но не до толку за да има протести.
- Отворени сме за разговор. Тоа се парите што ги имаме во моментот, тоа се состојбите што ги наследивме, немаме магично стапче, мора рационално да работиме, рече Таравари.
Платформата за ХИВ денеска од пред Владата побара враќање на неопходниот буџет од 130 милиони денари од кои 109 милиони се за лекови и 21 милион за услугите за превенција.
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава