Околу три сантиметри снег во Кривопаланечко

Крива Паланка утрово осамна со интензивни снежни врнежи кои на повисоките места над 1.000 метри надморска височина направија снежна покривка од околу три сантиметри.
Според раководителот на Подрачна единциа на Дирекцијата за заштита и спасување од Крива Паланка, Зоки Павловски, снегот не се задржува на коловозите во градскиот и приградски реон.
-Нема никакви задржувања на снегот на коловозот, снегот се топи поради позитивните температури на воздухот, а сите патни правци во општината, локални и регионални, се проодни. И магистралниот пат Куманово-Крива Паланка-граничен премин со Р. Бугарија, Деве баир , е прооден. Снег има само на повисоките места каде покривката изнесува од два до три сантиметри, информира Павловски.
Рече дека се во координација со сите сервисни служби за евентуални тековни проблеми, и нагласи дека нема информации ниту за прекини во снабдувањето со електрична енергија во оддалечените села во планинскиот реон.
Ново на Сител
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
-

Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди - опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% годинава
-

Акциска контрола на возила за јавен превоз - за пет часа констатирани 92 неправилности
-

Претрес во Гостивар, пронајдени автоматски пиштол „Шкорпион“ и муниција, уапсено едно лице | ФОТО
-

Јустина Широка Пуља избрана за претседателка на Косово
-

Советници на Трамп платени со стотици илјади долари за изборен ангажман во Република Српска
