Оланд не се збогува со политиката: Има уште многу да се направи

Шефот на француксата држава во заминување Франсоа Оланд денеска изкави дека и по завршувањето на функцијата претседател на Републиката, не може „да биде ставен на страна“ од политиката, нагласувајќи дека „секогаш некој ќе има потреба од него“.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, прашан дали со истекот на неговиот мандат тој „завршува со политиката, Оланд даде негативен одговор. - Не, јас завршив со должностите како претседател на Републиката, но како и секој граѓанин, без оглед на местото, без разлика што била неговата улога и без разлика на неговата позиција, мора да ја имам политиката предвид, рече Оланд по завршувањето на свеченоста по повод годишнината од укинувањето на ропството во Франција.
- Политиката е живот во Франција, политиката е од суштинско значење за изборот на земјата и затоа никој не може да се стави настрана од неа, изјави Оланд, истакнувајќи дека „секогаш може да биде од полеза“.
- Јас си го поставив истото прашање, кое постојано доаѓа, како можам да бидам корисен за мојата земја? Па на тоа прашање јас одговорам сега, размислувајќи, работејќи, производувајќи и интервенирајќи кога тоа ќе ми изгледа корисно, додаде тој.
На прашањето за присуството на ноивоизбраниот претседател Емануел Mакрон на оваа церемонија, Оланд, рече дека „тоа е дел од транзицијата“.
Говорејќи по церемонијата во Паркот Луксмебург, Оланд предупреди на опасноста од растот на екстремната десница, по што предизвика смеење кај публиката кога на својот наследник му се обрати: „Има уште многу да се направи господине Претседателе“,
- Вам ви останува сега, господине Претседателе, да ја носите пораката на Франција, во Европа и насекаде во светот, нагласи Оланд.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
