-->
-->
Олимписки квалификации: Франција подобра од Нов Зеланд
-->
Кошаркарите на Франција го освоија првото место во групата Б на квалификацискиот турнир за Олимписките игра што се игра во Манила. Тие попладнево со пресврт во последната четвртина (28:11) го совладаа Нов Зеланд со 66:59. Франција како првопласирана од групата ќе игра против Турција, додека Нов Зеланд во полуфиналето ќе игра против Канада.
Во првиот натпревар одигран денеска на турнирот во Манила во рамките на групата А Турција го победи Сенегал со 68:62 и се избори за второто место во групата .
Утре на турнирот во Манила е слободен ден, а ќе се играат полуфиналните дуели на другите два турнира. Во Белград играат: Србија – Чешка и Летонија – Порторико, а во Торино двојките се: Грција – Хрватска и Италија – Мексико.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска