ОМД побара извинување од Ескобар за употребата на „северномакедонци”
Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечкиот глас на македонците ширум светот со седшите во Вашингтон, во петокот испрати протестно писмо до Стејт Департментот на САД со реакција околу употребата на „северномакедонците” од страна на заменикот државен секретар задолжен за Балканот Габриел Ескобар и побара јавно извинување кон македонскиот народ.
Во петокот за време на прес конференција, Ескобар изјави дека “северномакедонците се Европејци” без да се самокорегира или некој од новинарите да се побуни за време на прес конференцијата. Ескобар е скоро две години на функција и имал ред состаноци со македонски соговорници, вклучувајќи Стратешкиот Дијалог на 2 јуни 2022 година, и сме зачудени дека таква “грешка” би направил.
По потпишување на неуставниот Преспански договор во 2018 година, се почесто меѓународната заедница го користи зборот “северномакедонците,” кој е спротивно на самиот договор, а и навредувачки кон македонскиот народ кој е во мнозинство против Преспанскиот договор.
Користење на зборот “северномакедонците” ја продолжува долгогодишната дискриминација кон македонскиот народ и ги згрозува нашите човекови права внатре и надвор од државата.
ОМД се соочува со овакви примери на дневно ниво и како и досега, така и понатаму секогаш ќе ги корегира ваквите изјави на официјални лица или надписи на медиуми кои погрешно ќе адресираат до Македонската нација и држава.
Обединета македонска дијаспора (ОМД)
Ново на Сител
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан