ОМД со нови претставници во Чикаго и Лос Анџелес
Управниот одбор на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги назначи Алекс Василески и Марија Малиновска, за нови претставници на Организацијата во Чикаго и Лос Анџелес, градови во кои живеат голем број Американци со македонско потекло.
- Алекс и Марија имаат постигнато големи успеси во нивната професионална сфера, и голема чест е што тие ќе ги искористат нивното искуство и ентузијазам за да ја имплементират мисијата на ОМД да ги зближат Македонците и да ја промовираат Македонија во Чикаго и Лос Анџелес. Тие ќе претставуваат ефективна врска за Македонците и ќе инспирираат и мотивираат за поголем ангажман во клучните македонско-американски прашања, изјави Трајко Папучковски, член на Одборот на ОМД и директор за САД.
Двајцата изразија задоволство што се приклучуваат на тимот на ОМД.
- Моето мото е „имај голема визија, работи чекор по чекор и стигни брзо таму кадешто сакаш да бидеш“ и ќе го искористам за да ја промовирам Македонија во Чикаго, рече Василески.
За Малиновска предизвик ќе биде да разботи на зголемување на фокусот на претставување и ширење на македонската богата култура и традиција на пријатели и сограѓани во Лос Анџелес и Калифорнија.
Василески ќе ја замени Наталија Булинг која беше претставник за Чикаго од 2011, а Малиновска доаѓа на местото на Димитар Насев кој беше претставник за Лос Анџелес од 2009, а сега е член на одборот и директор на програмата за економски развој.
Алекс Василески е прва генерација Македонец-Американец со корени од Охрид. Претседател е и основоположник на фитнес компанијата во Чикаго, која се фокусира на индивидуално дизајнирана здравствена програма, имплементација на здравствени програми за компании, мотивациски програми, програми за јавно говорење и пост-рехабилитација. Тој го има победено ракот два пати и неговиот "никогаш не се откажувај" став го насочил да промовира здрав и исполнет живот на населението во Чикаго и околината. За неговата работа во здравствената индустрија има добиено бројни признанија.
Марија Малиновска е родена во Битола. Дипломирала на Економскиот факултет во Прилеп пред да се пресели во Америка во 2006. Стипендист е на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес (УЦЛА), каде студирала на катедрите за глобализација и германистика. Моментално работи за адвокатска компанија, а нејзината долгорочна цел е да изработи бизнис план за зајакнување на статусот на жените во земјите во развој преку микрофинансирање.
Ново на Сител
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
-
Атаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА лигата
-
Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија