Омикрон бил присутен во Белгија подолго одошто мислеа властите
Белгиските медиуми пренесуваат денеска дека младо момче позитивно на Ковид-19 бил заразен со сојот омикрон неколку недели пред да се открие првиот официјален случај.
Станува збор за адолесцент позитивен на Ковид-19 за кој сега е утврдено дека е носител на најновиот загрижувачки сој, омикрон, според анализа на здравствените власти што е објавена во неколку медиуми.
Според податоците момчето се заразило во училиште. Во истото тоа училиште има повеќе позитивни случаи откако еден член на ватерполо тимот кој се вратил од натпревар во Чешка кон средината на ноември бил тестиран позитивен на Ковид-19.
Научниците сметаат дека станува збор за нов кластер кој може директно да се поврзе за Чешка, и дека омикрон сојот во Белгија се ширел пред да се открие првиот случај.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов
-
За една недела 4 починати од Ковид – Вакцини се уште нема
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
-
Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија
-
Различни мислења за есенската кошница: Замрзнување на цените или зголемување на производството?