Онлајн продажбата во Македонија во зачеток, граѓаните се плашат од злоупотреба на податоците

Продажбата преку интернет во Македонија е во зачеток бидејќи кај граѓаните постои страв дека ќе им бидат злоупотребени податоците од кредитната картичка, посочуваат од Канцеларијата на GS1 во Македонија која денеска организираше настан за компаниите на тема „Дали сте подготвени за дигиталната ера во трговијата“.
Според извршната директорка на GS1 Македонија, Слаѓана Милутиновиќ, онлајн продажбата може да се забрза само со воведување на пејпал кој се смета за посигурен инструмент при онлајн плаќањето.
- Апелирам до надлежните органи во Македонија да се воведе инструментот пејпал кој се смета за поголема сигурност при плаќањето. Кога во Македонија ќе се овозможи плаќањето преку пејпал тогаш мислам дека ќе се забрза и плажањето и купувањето преку интернет, изјави Милутиновиќ.
Статистиката покажува дека 70 проценти од потрошувачите пребаруваат преку интернет пред да се одлучат да купат одреден производ без оглед дали ќе го купат онлајн или во продавница.
- Без оглед дали се работи за помали бизниси кои немаат цел да тргуваат надвор од границите, ако навиките на потрошувачите покажуваат дека тие сакаат да купуваат онлајн, тогаш тоа мора да биде застапено, дури и ако станува збор само за продажба на домашниот пазар, смета британскиот експерт Дејвид Смит.
Во светски рамки продажбата преку интернет станува се поактуелна и македонските компании преку примената на GS1 стандардите имаат можност да се приклучат кон овој тренд и да ја зголемат онлајн продажбата на своите производи.
Продажбата преку интернет започна со книги и музика, но сега веќе се продаваат и купуваат најразлични производи, дури и прехранбени производи. Сепак, електронската опрема е на самиот врв на производи што се купуваат преку интернет.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
