Опасноста од самоуверената праведност

Катимерини - Атина
Политичкото однесување на Зое Констанопулу во и надвор од ѕидовите на грчкиот Парламент не тера екстремно тешко да поверуваме дека таа е спосбна, па дури и дали има вочја, да прифати самокритичен изглед без емоции, според она како зборува и делува.
Константиполу, поранешниот спикер на Парламентот а сега лидер на малцинската фракција во СИРИЗА, која се спротивставува на економските реформи, и припаѓа на класата на самоуверено-праведни политичари.
Овие политичари се секогаш уверени во своите мислења, дури и кога тоа се однесува на прашања кои се надвор од нивното познавање или искуство. Ним воопшто не им требаат совети од надвор. На крај, тие и не бараат советници, туку полтрони.
Затоа не постои веројатност дека Константополу ќе се предомисли за своите постаки од минатиот викенд кога го сопре германскиот амбасадор да им оддаде почит на жртвите од нацистички масакр за време на Втората светска војна во селото Дистомо, северозападно од Атина.
Таа нема никогаш да покаже слабост во својата тврдокорна свест. И природно е што таа ги бранеше своите постапки. - Го сторив она што би било свосјтвено за секој Грк, објави Константопулу на својата фејсбук страна.
Секој Грк. Навистина? Советот на општината Дистомо, кој го покани германскиот амбасадор да положи венец на споменикот во селото е составен од Грци. Луѓето во Дистомо се Грци и се чини дека тие не протесираа на одлуката на градоначалникот да го покани германскиот амбасадор, ниту пак дека реагираа масовно за време на церемонијата (можат да се слушнат неколку слаби гласови на видео снимката додека Константопулу ја најавува нејзината забрана, но никој со сигрност не може да каже дали се тоа гласови од локалните жители или од нејзината придружба).
Самата Константополу, се разбира, и самата беше Гркинка кога пред две години, во улога на спикер на Парламентот, го поздрави присуството на германски службени лица во Дистомо.
На крајот, никој не може да негира дека херојот на отпорот, Манолис Глезос, се разбира, е Грк и патриот. Левичарскиот ветеран кој ја одмина Константополу за да го придружува амбасадорот до спменикот постапуваше според вербата дека да се биде потомец на злосторници не мора да значи дека и самиот сте злосторник - со други зборови, тој делуваше според премисата дека генетички засновани политики претпоставува навреда за логиката како и за историските сеќавања.
Дали тогаш Константопулу не го смета Глезос за Грк? Не би сакале да го помислиме тоа, иако таа рече дека „тој самиот избра со свои раце да го стави освојувачкото знаме на споменкот за жртвите“.
Можно ли е таа да зборуваше метафорично? Но, во светот на догматизмот не постои метафора. Се е буквално и кореспондира со само една вистина: вистината само на една индивидуа.
Ново на Сител
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
-

Сончево и посвежо, долж Повардарието повремено засилен ветер до над 50 км/час
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
