Бизнис
2. јуни 2016 - 8:45

ОПЕК ќе разгледува ново ниво на производство на нафта

Организацијата на држави извознички на нафта (ОПЕК) ќе разгледа денеска на состанок нови квоти на дневно производство, тврдат неименувани извори од тој нафтен картел.

Доколку договорат нова граница, таквата одлука ќе биде голем компромис меѓу членките на картелот кои на претходниот состанок во декември за првпат во изминатите години, не успеаја да се договорат за нивото на производство.

Опек до декември лани имаше одредена граница за производство од 30 милиони барели дневно, што беше на сила од декември 2011 година. Моментно членките произведуваат околу 32,5 милиони барели нафта дневно. Според изворите, новото ниво би било над 30 милиони барели дневно.