ОПЕР: Поддршка на уставниот поредок на Република Македонија
Обединетата партија за еднаквост на Ромите (ОПЕР) денеска соопшти дека внимателно ги следи настаните околу формирањето на владата, повикува на поддршка на уставниот поредок на Република Македонија и градење доверба меѓу партиите.
ОПЕР, стои во соопштението, ги охрабрува лидерите на водечките македонски и албански партии во придужба со етничките политички партии и нивните лидери да ја градат, пред се, довербата во преговорите постигнувајќи општ политички консензус, кој ќе помогне да се стави крај на политичката криза која го забавува демократскиот и економскиот развој на европска Македонија, како и нејзината евроатланска интеграција во интерес на сите граѓани на Република Македонија.
- Поаѓајки од позитивните уставни вредности со кои се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ и другите националности кои живеат во Република Македонија, повикуваме на поддршка на уставниот поредок на Република Македонија. Потврдувајќи ги своите демократски вредности во унитарна Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, стои во соопштението од ОПЕР.
Од партијата потсетуваат дека покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, во локалните самоуправи каде има мнозинство припадници на етничките заедници во употреба се и нивниот јазик и писмо.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари