Операта „Хофманови приказни“ во МОБ

Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе ја изведе операта „Хофманови приказни“ на Жак Офенбах на австриската режисерка Урсула Хорнер, во која поетот Ернест Теодор Хофман ги раскажува своите вонвременски приказни за љубовта.
Хофман е и главен протагонист во операта и врз три негови кратки приказни се темели либретото на француски јазик што го напишал Жил Барбиер. Заедно со Мишел Кери, Барбиер претходно направил претстава „Хофманови приказни“ која била продуцирана во театарот „Одеон“ во Париз во 1851 година и која композиторот Офенбах ја гледал.
-Приказните на Хофман се карактеризираат со нијанси на емоции проследени со алегориски фигури: љубов, добро и зло. Разочаран и исцрпен, Хофман се буди како од кошмар да сознае дека вистинската убавина и вистинската љубов се наоѓаат во нас… „Хофманови приказни“, која самата по себе плени со прекрасна музика, ги следи доживувањата на боемот Хофман, но плени и со впечатлив наративен спој на настани од реалноста завиени во научно-фантастичен контекст, наведува МОБ.
Во оперската претстава ќе настапи бројна солистичка екипа, во која насловниот лик (Хофман) ќе го игра Рафаел Алварез од Мексико. Учествува хорот и оркестарот на МОБ. Диригент е Андреа Черта од Италија, сценограф Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска, а кореографи се режисерката Хорнер и Олга Панго.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
-

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
