Македонија
17. November 2015 - 12:40

Оперирано детето кое мајката го фрли од зграда во Хиподром - Каква му е состојбата?

Вистински хорор вчера ја потресе Македонија кога мајка од Хиподром си го фрли детето од 4 спрат од зградата во која живеат. Како што денеска јавува Телма, детенцето кое беше фрлено и беше во тешка состојба пренесено во болница, со скршеници на главата, е веќе оперирано и се наоѓа во стабилна состојба, а мајката која подоцна се фрли се уште е во тешка состојба и е на интензивно лекување на КАРИЛ.

Очевидци велат дека падот на детето го ублажиле жици за сушење алишта како и некој сосед кој се нашол на местото на настанот.

Мајката го фрлила шестгодишното дете по семејна расправија, во 9 часот и 30 минути.