Опозицијата победи на изборите во Венецуела
Опозициската Коалиција за демократско единство победи на парламентарните избори во Венецуела, информираа светските агенции, повикувајќи се на се уште нецелосните резултати соопштени од Централната изборна комисија.
Во еднодомниот 167-член Парламент опозицијата ќе има 99 места, а Единствената социјалистичка партија на Венецуела - 46 места.
Се очекуваат резултатите од уште некои места во кои и натаму се бројат гласовите, но тие нема суштински да го сменат распоредот на силите.
За првпат во последните 16 години политичките опоненти на чавистите (следбениците на починатиот претседател Уго Чавес) со освојуваат мнозинството во законодавниот дом.
Претседателот Николас Мадуро го призна поразот на неговата владеачка гарнитура во земјата.
Аналитичарите претпоставуваат дека претседателот може да се обиде да ги ограничи надлежностите на Парламентот по историската победа на опозицијата со ризик да предизвика масовни протести во земјата, забележуваат француските медиуми.
Новиот состав на Националното собрание на Венецуела ќе почне со работа во јануари 2016 година.
Ново на Сител
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот