Опозициски политичари го блокираа влезот во зградата на полициската управа во Нови Сад, полицијата грубо ги оттурна
Полицијата во полна опрема за разбивање демонстрации ги потисна опозициските политичари кои претходно го блокираа влезот на седиштето на полициската управа во Нови Сад, барајќи одговорност за претепувањето на Илија Костиќ (74), кој има хируршки изваден тестис во болница по полициска бруталност, јави Бета.
Пред влезот на зградата стоеја опозициски политичари како „жив штит“, а по 20 минути интервенираше и полицијата која грубо ги оттурна.
Полициските кордони ги спречуваат опозиционерите да се приближат до влезот.
Меѓу претставниците на опозицијата, меѓу другите, се Мариника Тепиќ, Драгана Ракиќ, Срѓан Миливојевиќ, Борислав Новаковиќ, Миран Погачар, Небојша Новаковиќ.
Околу зградата се поставени метални огради зад кои стојат полицајци во полна опрема за да ги разбијат демонстрациите.
Опозицијата најави блокада на зградата на полицијата откако шефот на таа управа Горан Радоњиќ одби да ги прими.
Полицијата соопшти дека истрагата за претепувањето на Илија Костиќ се уште трае.
Опозицијата соопшти и дека случајот со претепувањето на Илија Костиќ е префрлен во обвинителството во Сремска Митровица и праша зошто е тоа направено кога во Нови Сад има доволно компетентни луѓе кои можат да се занимаваат со тој случај.
Опозицијата претходно ги објави неофицијално имињата на полицајците кои го претепаа Илија Костиќ.
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата