Определен 30 дневен притвор за Капушевски, Сулкоски и Муча, Јахоски оди во домашен притвор
Определени 30 дена притвор за бизнисменот Ратко Капушевски - сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ, Адријан Муча, во случајот со спорниот тендер за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино.
Од Кривичниот суд информираа дека за нив постои опасност од бегство и околности кои укажуваат на попречување на истрагата со влијание на сведоци.
Во однос на осомничениот Асмир Јахоски - сопственик на „Пуцко Петрол“, по произнесување пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка, велат од Кривичен.
За останатите седум осомничени кои беа спроведени во судот, судијата го прифати предлогот на Јавниот обвинител и донесе решени за определување на мерки за претпазливост.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Претходно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за тринаесет лица и една фирма, поради злоупотреба на тендер за набвака на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Во акцијата што под раководство на јавен обвинител се спроведуваше на повеќе локации во Скопје, Велес и Кичево, уапсени беа 11 лица.
Со истрагата е опфатен и екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство и се бара со меѓународна потерница за случајот Адитив.
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради