Општина Берово ќе доделува еднократна парична помош за новороденчиња
Општина Берово ќе доделува еднократна парична помош во износ од 3.000 денари на секое новородено дете во општината во 2018 година.
Градоначалникот Звонко Пекевски информира дека општината прв пат ќе доделува парична помош на сите новородени дечиња за разлика од претходно кога се доделуваше еднократна парична помош само на првороденото во годината.
- За користење на услугата од страна на родителите е потребно да се достават сооветни документи до општина Берово, како што е барање за добивање еднократна парична помош за новородено дете, фотокопија од лична карта на подносителот, фотокопија од трансакциска сметка на подносителот, фотокопија на Извод од матична книга за родените за детето, но и потврда издадена од надлежен орган дека немаат пријавено привремено претстојувалиште надвор од територија на општина Берово, истакна Пекевски.
Барањата за еднократна помош се поднесуваат во општински услужен центар во просториите на општина Берово или на архива на Општина Берово.
Ново на Сител
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени