Општина Битола го слави Денот на ослободувањето на градот

Општина Битола со традиционални и нови манифестации денеска ја слави 75-годишнината од денот кога во 1944 година градот беше ослободен од фашистичкиот окупатор.
Според историски податоци, градот Битола е ослободен во раните утрински часови, на 4 ноември 1944 година кога 49. македонска дивизија во која биле борците од Седмата битолската бригада, влегле во градот и со воодушевување биле пречекани од битолчани.
Во знак на почит на загинатите борци за слободна Битола, претпладнево градоначалничката Наташа Петровска ќе приреди прием на преживеани борци и членови на ОО Сојуз на борци-Битола, а потоа заедно ќе положат цвеќе пред споменикот на НОВ на плоштадот „Гоце Делчев“, пред споменикот на народниот херој Стив Наумов и пред споменикот на партизанските гробишта во Битола.
Според празничната програма, во 18 часот во културниот центар „Магаза“ ќе биде отворена ноемвриска ликовна изложба на Друштвото на ликовни уметници-Битола, а во 19 часот ќе се одржи свечена академија на која традиционално пред домашниот аудиториум и гости на градот од странство, се доделуваат највисоките општински награди и признанија на поединци и институции од градот.
Годинашен добитник на наградата за животно дело е поранешниот министер за култура, долгогодишен директор на НУ Народен театар-Битола и прв човек на национални и меѓународни манифестации и театарски фестивали, Благоја Стефановски-Баге.
Ново на Сител
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
-

Четири компании аплицирале на тендерот на Министерството за транспорт за електрични автобуси
-

Нема веќе алкохол и цигари во студенстките домови – законските измени во собраниска процедура
