Општина Битола почна со одбележување на Денот на ослободувањето на градот

Општина Битола со целовечерен концерт на хармоика што го организира здружението „Непокор“, вечер почнува со реализација на програмските активности посветени на „4 Ноември“, Денот на ослободувањето на градот.
Од Секторот за односи со јавност соопштуваат дека утревечер концерт ќе одржи и пензионерската пејачка група „Сирма Војвода“, а Центарот за боречки спортови „Пелистер“ ќе промовира публикација на тема „40 години боречки спортови Пелистер“-Битола.
- Според востановената традиција, а во чест на празникот на градот ќе бидат организирани ликовна изложба на Друштвото на ликовни уметници, ноќна атлетска трка по Широк Сокак, театарска претстава „Приказни од нашите претци“, а на денот на празникот градоначалникот Владимир Талески ќе приреди прием за претставници на битолската боречка организација, како и на гости од збратимените градови, информираат од тамошната локална самоуправа.
Празничната програма ќе биде завршена на денот на празникот со свечено доделување на наградата „4 Ноември“ и сценско музички перформанс „Битолска арија“ во кој ќе настапат Игор Дурловски, Јана Четелива Белевска и актери од Битолскиот театар.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
