-->
-->
Општина Бутел и Амос Шелтер поставија хранилки за бездомни кучиња на 12 локации
-->
Во овие тешки времиња, кога многумина внимаваат за своја безбедност и своето здравје, надвор остануваат многу гладни бездомни кучиња кои секојдневно страдаат.Имено, Општина Бутел заедно со АМОС ШЕЛТЕР, започна иницијатива да им помогнеме на гладните и бездомни кучиња. Денеска беа поставени 12 уреди за хранење на локации што ги предложија граѓани кои секојдневно ги хранат животните во Бутел. АМОС ШЕЛТЕР во соработка со Општина Бутел, секојдневно ќе врши достава на храна за бездомните кучиња на сите 12 локации која ќе им послужи да ги надминат овие тешки времиња, каде што фрекфенцијата на луѓето е намалена а поголем дел од рестораните се затворени. Во овој момент има доволно храна, но во иднина секој што сака да ги нахрани кучињата ќе може храната да ја остави во садовите кои се наоѓаат на сите фрекфентни локации во наслебите на општината.
Ова ќе биде една од многуте вакви иницијативи во иднина каде ќе се обидеме да им помогнеме на што е можно повеќе бездомни животни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден
-

Трамп: Израел не ме убеди да го нападнам Иран, тоа беше моја одлука
-

Министерство за здравство: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
