Општина Бутел организираше новогодишен хуманитарен базар
Новогодишен хуманитарен базар организираше денеска Општина Бутел по повод новогодишните и божиќните празници.
На базарот, како што соопшти Општината, учествувале учениците од сите седум основни општински училишта, како и децата од градинката „11 Октомври“.
Собраните средства од продажбата на нивните новогодишни производи биле наменети за 21-годишно момче Филип кое боледува од инфантилна церебрална парализа. На настанот присуствувал и градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, кој ги посетил сите штандови со производи подготвени од вредните и хумани дечиња.
Во своето обраќање тој истакнал дека Општината ќе продолжи со ваквите настани кој ќе бидат поддршка на сите оние на кои им е најпотребна помош.
На крајот тој се заблагодарил на сите учесници на настанот, родителите, учениците и изразил посебна благодарност до лицата од Заводот за рехабилитација кој земале учество со свои производи на настанот, соопшти Општина Бутел.
Ново на Сител
-
Таравари: Вреди го подготвува Законот за правична застапеност
-
Таравари: Го прочитав извештајот за смртта на родилката, прес во понеделник
-
Претрес во Штип: Пронајдена дрога, приведен дилер
-
Криел дрога во автомобилите, истрага против 52-годишен дилер
-
Сообраќајка кај село Избиште
-
Мисајловски и Тошковски на показна алпинистичка вежба на ЕБР
-
Сиљановска Давкова го честита еврејскиот празник Јом Кипур
-
САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировници на ОН во Либан