-->
-->
Општина Гази Баба го прослави 40. роденден
-->
Општина Гази Баба вчера во Музејот на македонската револуционерната борба го прослави 40. роденден.
Градоначалникот Тони Трајковски се обрати пред присутните и во својот говор направи ретроспектива за развојот на општина Гази Баба во изминатите 40 години, проекти кои се завршени со цел подобрување на условите за живот на граѓаните, проекти кои се во тек и кои ќе се реализираат во иднина.
Тој упати и голема благодарност до сите кои со својот ангажман помогнаа за полесно да се надминат последиците од поплавите во август годинава на подрачјето на општината.
Во музичката програма учествуваа оперската певица Александра Коцевска, хорот Хераклеа под водство на Јасмина Ѓоргеска, и мандолински оркестар на МКЦ под водство на професорот Ванчо Јовчев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОПМ: Мерката за ограничување на маржите е корисна
-
Нова опасност за македонските сточари
-
Преглед на вестите од светот
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Со таблички во боја ќе се спречува злоупотребата на службени возила