Општина Гевгелија објави меѓународен тендер за регулирање на коритото на Сува река
Општина Гевгелија денеска го објави меѓународниот тендер за изведба на градежните работи за регулирање на дел од коритото на Сува река во рамки на проект од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција за кој општината доби грант од 516.500 евра.
Со овој проект всушност продолжуваат активностите за заштита на реката Вардар и на целиот прекуграничен регион од загадување во кој партнери на општина Гевгелија од грчка страна се универзитетот „Аристотелу“ од Солун и општините Пеонија и Халкидона.
Понудите за изведба на градежните работи од проектот кој предвидува регулирање на најкритичниот дел од коритото на Сува река во должина од 600 метри во јужната урбанизирана зона на Гевгелија, може да се доставуваат најдоцна до 9 јануари 2019 година на адреса на локалната самоуправа во Гевгелија.
-Ова е капитален зафат за општина Гевгелија, што поради неговата висока вредност мора да го реализираме во фази од кои првата е регулација на најкритичниот дел од коритото. Сметаме дека со реализација на проектот ќе ја унапредиме прекуграничната соработка со нашите партнери од општините Пеонија и Халкидона во Грција и дека ќе создадеме нови предуслови прекуграничниот регион да го напрфавиме еко регион,рече гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков.
Ново на Сител
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром