Општина Ѓорче Петров: Расчистен снегот на критичните точки, фрлени 20 тона сол
Општинските служби во соработка со службите од Град Скопје во текот на ноќта ги расчистуваа од снежни наноси главните улици во Ѓорче Петров. Поради превенција од замрзнување на коловозот беа фрлени и над 20 тони сол.
-Расчистен е теренот и пред училиштата и градинките, кон селата Кучково и Никиштани и повисоките места во Ѓорче Петров. Во моментов се расчистуваат пешачките патеки поради безбедност на граѓаните. Заради најавите од метеоролошките станици за евентуални нови врнежи од снег и во деновите што следуваат, општинските екипи се на готовс за расчистување на теренот. Улиците ќе бидат расчистувани и во текот на денешниот и утрешниот ден, соопшти градоначалникот Александар Стојкоски.
Од општината порачуваат дека останува само обврската на граѓаните, да го исчистат снегот пред нивните домови.
Ново на Сител
-
Приведен насилникот кој тепаше бремена жена во живо на „ТикТок“
-
НБА: Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл
-
Сопствениците на ПСЖ ќе купат шпански клуб
-
Кејн: Фудбалерите немаат збор за одредување на календарот, но никогаш нема да одбијат да играат за трофеи
-
Лилард надвор од терените на неодредено време
-
Бразил повторно му ја нуди селекторската позиција на Анчелоти
-
Навивачи на Ливерпул бараат Александар-Арнолд да не игра до крајот на сезоната
-
Алкалоид со победа го заврши регуларниот дел на Суперлигата