Општина Кичево ги ослободува од плаќање фирмарина угостителите за 2020
Oпштина Кичево излезе со повик до сите правни лица кои извршуваат угостителско – гастрономска дејност како што се ресторани, кафулиња, барови, чајџилници на територијата на Општина Кичево а се обврзници на комунална такса за истакнување на фирма односно назив, популарно наречена фирмарина, да поднесат барање за ослободување од плаќање комунална такса за истакнување на фирма односно назив фирмарина за 2020 година.
Заинтересираните правни лица кои ги опфаќа оваа мерка се должни да ги превземат следните чекори треба да поднесат барање до Општина Кичево на пропишан образец и да достават документи за тековна состојба не постара од шест месеци, издадена од Централен регистар, извод односно решение за регистрација на оператори со храна издадена од Агенција за храна и ветеринарство
Овој Повик влегува во сила со денот на објавувањето на истиот и се смета дека Правните лица се информирани на овој начин.
Правните лица кои ќе го пропуштат рокот за поднесување на барањето остануваат обврзници на комуналната такса за истакнување на фирма односно назив (фирмарина) и подлежат на обврска за плаќање, објаснуваат од Секторот за односи со јавноста при општина Кичево.
Краен рок за поднесување на барањето е 30 септември ова година.
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
