Општина Кочани догодина ќе вложи 32 илјади евра за реконструкција на водоводната мрежа
Инвестициската активност во делот на изградбата и реконструкцијата на водоводната мрежа во општина Кочани ќе продолжи и наредната година. Во Програмата за инвестирање во системите за водоснабдување за идната година, подготвена од општина Кочани за планираните зафати - реконструкција на постојната и изградба на нова, ќе бидат потребни околу 2 милиони денари.
Во програмата за изградба на системите за водоснабдување во 2017 година, истакнуваат од одделението за комунални дејности во општина Кочани, веќе е изготвен проект во кој е дадена вкупната вредност на инвестицијата за територијата на целата општина, вклучувајќи ја и ниската зона во градот. За изградба на нова водоводна мрежа во централното градско подрачје се предвидува дека ќе бидат потребни 300.000 денари.
За решавање на проблемите со водоснабдувањето на улиците „Плачковица“ и „Гошо Викентиев“, општината догодина планира реконструкција на водоводната мрежа за што ќе се наменат околу 1,2 милиони денари. Исто така, се предвидува изградба на водоводна мрежа и на други локации низ градот и населените места во општината, за што граѓаните веќе платиле надоместок за уредување на градежно земјиште, а за што се предвидени 300.000 денари. Останата сума од 200 илјади денари пак, ќе се инвестира за набавка на водоводни црева за водоснабдување на селата во планинскиот дел.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари